ПОВРЕДАТА СО ЛАКТОТ УШТЕ ГО МАЧИ

Не е добро: Раката на Ѓоковиќ повторно во завој

На социјалните мрежи се појави фотографија на која Новак е со една девојка, а неговата десна рака е бандажирана

објавено: 1 февруари 2018 - 14:10

Новак Ѓоковиќ завршил со бандажирана десна рака по прегледите кои ги имаше во Прага. Српскиот тенисер веќе подолго време има проблеми со повредата на лактот на раката, поради што паузираше повеќе од шест месеци. 

Тој се појави на првиот гренд слем во 2018 и играше на Австралија опен. Сепак и таму се виде дека повредата не е 100 отсто санирана, па повторно беше на прегледи, по кои заврши со бандажирана десна рака. Тоа се гледа и од фотографијата која ја има по друштвените мрежи, каде Ѓоковиќ е фотографиран со една девојка. 

Поради отсуството од терените, Ѓоковиќ веќе не е ни во Топ 10 тенисерите на АТП листата. Србинот моментно е на 13 место.

Најново во Други спортови