ОСТАНУВАМЕ ВО ТРЕТАТА ЗОНА

Нема напредок во Дејвис Купот, тенисерите поразени од Бугарија

Македонската тениска репрезентација останува во Третата Евроафриканска зона, откако ја загуби битката за директен пласман во плејофот од Бугарија во Пловдив.

објавено: 6 април 2018 - 14:00

Македонската тениска репрезентација останува во Третата Евроафриканска зона, откако ја загуби битката за директен пласман во плејофот. Домаќинот Бугарија во Пловдив славеше со 2-0. 

Горазд Србљак беше поразн од Александер Лазов со 6:1 и 6:1, а потоа Димитар Кузманов го победи Димитар Грабул со 6-2, 6-2. Третиот меч кој се игра нема да има никакво резултатско значење.

Македонија својата шанса за пласман во Втората европска зона од Дејвис-купот ќе ја бара следната година. 

Најново во Други спортови