АВСТРИЕЦОТ ГО СОПРЕ ШПАНЕЦОТ

Нема полуфинале за Надал во Мадрид, Тим одново му застана на патот

Рафаел Надал не успеа да се пласира во полуфиналето на АТП турнирот во Мадрид, откако беше совладан од Доминик Тим со 2-0 во сетови. 

објавено: 11 мај 2018 - 19:33

Рафаел Надал не успеа да се пласира во полуфиналето на АТП турнирот во Мадрид, откако беше совладан од Доминик Тим со 2-0 во сетови. Австрискиот тенисер славеше со 7-5,6-3 за трета победа во пресметките со големиот фаворит. За постетување минатата година во Рим, Надал исто во четвртфиналето беше совладан од истиот тенисер. 

Во полуфиналето Тим ќе игра против Кевин Андерсон кој во четвртфиналето го совлада Лајовиќ со 7-6,3-6,6-3.

 

Најново во Други спортови