ШВАЈЦАРЕЦОТ ЛЕСНО ГО РЕШИ БЕРДИХ

Неуништливиот Федерер стигна до 11. финале на Вимблдон

Роџер Федерер обезбеди место во финалето на гренслем турнирот, откако без проблем го совлада Томаш Бердих со 3-0 во сетови. 

објавено: 14 јули 2017 - 20:25

Роџер Федерер уште една докажа дека е неуништлив. Швајцарецот обезбеди место во финалето гренслем турнирот Вимблдон, откако без проблем го совлада Томаш Бердих со 3-0 во сетови. 

Федерер одлично го отвори мечот, поведе со 3-2. Откако Бердих му го одзема сетот, тој се врати. Првиот сет беше решен во тај-брејк, каде Швајцарецот беше непогрешлив. Следните два сета Федерер ги доби со 7-6 и 6-4.

Во своето 11. финале на Вимблдон, искусниот швајцарски тенисер за противник ќе го има Хрватот Марин Чилиќ.

Најново во Други спортови