ЈАПОНЕЦОТ Е ПЕТТИ УЧЕСНИК НА ЗАВРШНИОТ ТУРНИР

Нишикори се квалификуваше за АТП-финалето

Јапонецот Кеи Нишикори третпат едноподруго ќе игра на АТП-финалето во Лондон следниот месец, како петти тенисер кој се квалификува за елитниот турнир

објавено: 12 октомври 2016 - 14:02

26-годишниот светски рекет број 4 ќе се приклучи на првите тројца, Новак Ѓоковиќ, Енди Мареј и Стен Вавринка, заедно со шесторангираниот Канаѓанец Милош Раонич на елитниот турнир за осумте најдобри во Лондон, објави АТП турнејата.

Нишикори имаше солидна година досега, освојувајќи ја својата 11. АТП титула во Мемфис, и стигнувајќи до четврт-финалето на Австралискиот опен, и полуфиналето на УС опен. Во моментов, Јапонецот во моментов е повреден, откако се повреди на домашниот Јапонски опен и не игра на Мастерсот во Шангај.

Најново во Други спортови