СРБИНОТ Е ДАЛЕКУ ОД ИДЕАЛНОТО

НОЛЕ Е НЕСПРЕМЕН: Не требаше да бидам овде, како прв пат да играм

Само пет-шест недели откако го оперираше лактот, Ѓоковиќ се појави во Индијан велс, и се чини дека Србинот тоа го направи недоволно подготвен...

објавено: 12 март 2018 - 16:45

Не издржи долго без тенис Новак Ѓоковиќ. По само пет-шест недели откако го оперираше лактот, Србинот се врати на теренот. Се појави на турнирот во Индијан велс, и се чини дека погреши. Го призна тоа по поразот од Јапонецот Таро Дениел во три сета...

„Честитики до ривалот, се бореше и покажа сјаен дух на теренот. Јас се чувствував како да играм прв меч на АТП турот, многу чудно. Потполно го забавив ритмот. Се мачев и со здравјето во изминатите недели. Благодарен сум што бев на теренот така брзо после повредата, но истовремено не се чувствувам воопшто добро“ - рече Ноле по поразот во второто коло од овој турнир кој претходно го освои пет пати.

Признава дека можеби и порано се вратил на теренот.

„Ми недостасува натпреварувањето. Но морам да разговарам со својот тим и да смислиме стратегија како понатаму. Бог секогаш ни дава задача, нов предизвик, кога најмалку го очекуваме. Секогаш постои нешто добро во се, за се постои некоја причина“ - вели моментално 13. тенисер во светот.

„ Не требаше да бидма овде. Се оперирав пред пет-шест недели, па немаше некои очекувања за овде. Не успеав да пронајдам вистински ритам, особено на бекхендот кој секогаш беше силен како карпа. И тоа е дел од оние некарактеристични околности во кои сум моментално"...

Најново во Други спортови