ИМАЛ И ТЕШКИ МОМЕНТИ ВО КАРИЕРАТА

НОЛЕ ЕМОТИВНО: Плачев и размислував да престанам да играм тенис

Новак Ѓоковиќ пропушти половина од 2017 година, но во последните неколку седмици напорно работи, секако со една цел, да се врати таму каде што и му е местото, на врвот на светскиот тенис.

објавено: 25 ноември 2017 - 21:30

Во бројните интервјуа кои ги даде во овој, за него, празен период, Ѓоковиќ потенцираше една случка од 2010 година и поразот од Јирген Мелцер во четвртфиналето од Ролан Гарос.

„Мене не ме задоволуваше тоа да бидам трет или четвртти тенисер на светот. Додека бeв 'клинец', кога имав само осум години, сонував да бидам прв во светот и да го освојам Вимблдон. Во тој меч со Мелцер имав 2:0 во сетови и загубив. Дојдов до кај моите родители, страшно плачев, и се прачував дали сум вредне за сето ова. Размислував да престанам да играм тенис"- се присети Новак.

Сепак, разговaрал, и тоа многу со својата екипа и со родителите, и успеа да се извлече од една таква состојба.

„Татко ми велеше дека морам да оцврснам, но и тоа не ми беше доволно. Отидов кај мојот тренер Марјан Вајда, и тој, како и другите од тимот, ми рече дека е се во ред. Ме советуваа да си земам време колку шт е потребно, и сето ова да го согледам реално. Зошто си почнал да се занимаваш со тенис? Дали го сакаш тоа чувство додека играш? Да, го сакам тенисот... Без оглед на тоа дали сум на централниот терен на Вимблдон, или пак тоа е некој обичен терен. После тоа го освоив Дејвис Купот влегов во серија од 43 победи по ред... " - потврдува Ѓоковиќ кој во својата кариера досега одигра 100 АТП финалиња, а покрај 12. Грен Слем титули има и освоено уште 57.турнири, од тоа дури 30. од Мастерс серијата.

Оваа година ја имаше најлошата Грен Слем сезона...

Во Мелбурн испадна во 2. Коло од Денис Истјомин, во Париз застана во четвртфиналето во кое подобар од него беше Доминик Тием. На Вимлбдон му го предаде чтвртфиналниот дуел на Томаш Бердих после повредата на лактот, за после тоа да објави и официјално, дека го пропушта остатокот од сезоната.

После поразот од Гофан на Мастерс турнирот во Монте Карло, Ѓоковиќ се раздели со својот долгогодишен тренер Марјан Вајда, потоа и со Борис Бекер, па во новата сезона ќе влезе со Андре Агаси како негов „учител".

Најново во Други спортови