И НЕ Е ИЗНЕНАДУВАЊЕ, ЌЕ ГИ БОДРИ СОСЕДИТЕ

НОЛЕ ИМА СВОЈ НОВ ФАВОРИТ: Навивам за Хрватска, се надевам дека ќе го освојат Мундијалот

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ откри за која фудбалска селекција ќе навива во завршницата на Светскиот шампионат во Русија...

објавено: 6 јули 2018 - 13:30

Додека се пробива „назад" во врвот на светскиот тенис и победува на Вимблдон, сепласираше во третото коло, Новак потврди уште еднаш дека е голем љубител на фудбалот, и во оваа прилика од Лондон порача за кого ќе навива во оној завршен дел од Мундијалот.

„Нешто помалку го следам Светското првенство откако испадна српската репрезентација, но го следам“

На прашањето на новинарите кој му е фаворит, Ноле даде интересен одговор.

„Јас навивам за Хрватска, и се надевам дека тие ќе ја освојат титулата. Кој е вистински фаворит – навистина не знам. Ова е непредвидиво натпреварување. Испаднаа Германија и Аргентина, репрезентациите кои на минатиот шампионат играа во финалето"...

За потсетување, пред средбата Аргентина-Хрватска, уште во онаа групна фаза на Мундијалот, Новак им даде подршка на „комшиите". На својот инстаграм објави фотогафија со порака:

„Ајде огнени".

Најново во Други спортови