СВЕТСКИТО РЕКЕТ БРОЈ 1 ЗАСТАНА НА СТРАНА НА РУСИНКАТА

Ноле ја брани Шарапова

Марија воопшто немала намера да се допингува, рече Србинот

објавено: 15 октомври 2016 - 09:21

Некогашната најдобра тенисерка во светот, Марија Шарапова се враќа на тениските терени во април следната година. И додека ривалките не се воодушевени од тоа што Русинката за брзо време повторно ќе им биде противник, најдобриот машки рекет, Новак Ѓоковиќ застана во одбрана на Шарапова.

„Мое мислење е дека Марија немала намера да се допингува. Правилата се сменија оваа година, а во нејзиниот тим направиле грешка, бидејќи и дозволиле да го пие тој лек. Поради таа грешка, мораше да има одговорност“, рече Ѓоковиќ, кој додаде дека Русинката имала голема храброст што решила јавно да излезе и да признае во јавноста. 

Мелдонијум кој е лек за срце, Шарапова го користела од 2006 година, но од 1 јануари оваа година беше ставен на листата на забранети средства. Шарапова јавно призна дека продолжила да го користи тој лек, но и дека не знаела дека е ставен на листата на забранети средства. 

Најново во Други спортови