ФРАНЦУЗИНОТ ПРОПУШТИ ИЗНЕНАДУВАЊЕ ВО МОНТЕ КАРЛО

Ноле се намачи против упорниот Симон

Жил Симон сервираше за мечот во третиот сет, но на крајот потклекна и му предаде на Ѓоковиќ 6:3/3:6/7:5 победа во второто коло на Мастерсот во Монте Карло

објавено: 18 април 2017 - 17:53

Симон, францускиот тенисер познат по неговиот неконвенционален начин на игра, така пропушти да стигне само до втората победа во 12-тиот меч против Србинот. Симон го има победено Ѓоковиќ во нивниот прв меѓусебен дуел во Марсеј во 2008, по што има низа од 11 порази.

Ѓоковиќ, за кого ова е прв меч по Мастерсот во Индијан Велс поради повредата на лактот, почна супериорно, лесно освојувајќи го првиот сет, но потоа со падот на концентрацијата во вториот дозволи противникот да освои четири гема во низа и да израмни. Симон имаше и брејк предност во одлучувачкиот сет, пред нервите да го направат своето.

Квалификантот Адријан Манарино пак, го изненади својот француски сонародник, седмиот носител Жо-Вилфрид Цонга во три сета. Цонга имаше свој кам-бек на АТП-турнејата по раѓањето на неговото прво дете, и го освои вториот сет, но на крајот загуби со 6:7(3)/6:2/6:3 од светскиот рекет број 56.

Енди Мареј го доби противникот во второто коло, откако Луксембуржанецот Жил Милер со 6:2/6:2 за само 63 минути го совлада шпанскиот ветеран Томи Робредо.

Голема победа оствари 39-годишниот Германец Томи Хас, кој со 6:2/6:3 беше подобар од светскиот број 40., Беноа Пер и сега ќе игра со Томаш Бердих во второто коло.

AТП, МОНТЕ КАРЛО РОЛЕКС МАСТЕРС

2.КОЛО

(2) Ѓоковиќ (Срб) - Симон (Фра) 6:3/3:6/7:5

Манарино (Фра) - (7) Цонга (Фра) 6:7(3)/6:2/6:3

(10) Гофан (Бел) - Алмагро (Шпа)

(16) Куевас (Уру) - Соуса (Пор)

1.КОЛО

(11) Пуј (Фра) - Р.Херисон (САД) 6:2/6:4

Милер (Лук) - Робредо (Шпа) 6:2/6:2

Хас (Гер) - Пер (Фра) 6:2/6:3

Шарди (Фра) - Чориќ (Хрв) 7:6(3)/3:6/6:3

Штруф (Гер) - Руд (Нор) 6:4/6:4

Хачанов (Рус) - Мау (Фра) 6:2/6:4

Ф.Лопез (Шпа) - Медведев (Рус) 7:6(6)/7:5

Лоренци (Ита) - Гранољерс (Шпа) 6:2/6:4

Берлок (Арг) - Ербер (Фра)  3:6/6:2/6:1

Хасе (Хол) - Џумхур (БиХ) 6:3/6:2

Весели (Чеш) - М.Зверев (Гер) 7:6(3)/6:3

Најново во Други спортови