СО ТРИУМФОТ НАД АРГЕНТИНЕЦОТ ШВАРЦМАН НА МАСТЕРСОТ ВО МАДРИД

НОВ РЕКОРД: Надал стигна до 50 освоени сета на земја

Најдобриот рекет на светот со тоа го урна рекордот на Џон Мекинро стар 34 години, од освоени 49 сета во низа на една подлога.

објавено: 11 мај 2018 - 09:15

Најдобриот тенисер на светот, Рафаел Надал со победата над Аргентинецот Диего Шварцман во осминафиналето на Мастерсот во Мадрид, 2-0 (6:3, 6:4) постави нов рекорд на освоени сетови на една подлога.

Шпанецот го урна рекордот на Џон Мекинро стар 34 години, (поставен во 1984) од освоени 49 сета во низа на една подлога и со 50 сета на земјена подлога влезе во историјата.

Надал атакува на шестата титула на Мастерсот во Мадрид, а во четвртфиналето за противник ќе го има Австриецот Доминик Тим, кој го победи Борна чориќ од Хрватска со 2-1 (2:6, 7:6(5), 6:4).

Најново во Други спортови