ИЗНЕНАДУВАЧКА ВЕСТ ОД ТАБОРОТ НА ЃОКОВИЌ

НОВАК ГО ОДЛОЖИ ВРАЌАЊЕТО: Многу сум тажен!

Иако тоа беше најавено за петок, сепак, Србинот признава дека чувствува болки во пределот на проблематичниот лакт и нема да игра во Абу Даби...

објавено: 29 декември 2017 - 13:00

Новак Ѓоковиќ нема да игра на егзибицискиот турир во Абу Даби. Ниту шестмесечната пауза не е доволна за некогашниот број 1 се врати во полн сјај, и да заигра на некој турнир, дури и егзибициски.

Популарниот Ноле повторно почуствувал болка во пределот на повредениот лакт поради кој не играше половина до оваа сезона, па за секој случај го откажа настапот во ОАЕ.
Веќе испрати извинување до навивачите:

„Исклучително сум разочаран што сум принуден да се повлечаам од турнирот во Абу Даби. За жал, во последните неколку дена одново се појави болка во пределот на лактот, и лекарите ме советуваа дека не треба ништо да ризикувам, и дека би требало да го пропуштам ова натпреварување. Веднаш продолжувам со терапиите. Многу сум тажен, затоа што искрено го очекував тоа повторно да играм официјални мечеви. Уживав во подготовките за турнирот во Абу Даби каде сакам да учествувам. Останува да ја прифатам оваа ситуација и да ги сочекам резултатите од терапијата, како што побрзо би се вратил на теренот и да влезам во полн ритам. Сето ова може да влијае на почетокот на новата сезона и планот на турнирите кој го направив. Но одлуката ќе биде донесена во наредните денови" - потврди српскиот тенисер.

Австралискиот опен стартува на 15 јануари, а пред тоа Ѓоковиќ треба(ше) да настапи и на турнирот во Доха, кој сега е ставен под знак прашалник.

Најново во Други спортови