ЛЕГЕНДАРНИОТ ПИТ САМПРАС Е УБЕДЕН:

Новак и Енди повторно ќе бидат конкуренција на Рафа и Роџер

Американскиот тенисер изразува уверување дека Рафаел Надал може да го стигне Роџер Федере според бројот на освоени Грен слем титули...

објавено: 15 септември 2017 - 15:25

Роџер Федерер и Рафаел Надал во целост ја искористија својата шанса, но и отсуството на двајцата водеки тенисер Енди Мареј и Новак Ѓоковиќ. И без нив двајца легендарните тенисери се доволно способни да се вратат на позициите, но факт е дека имаа(т) голема помош со неиграњето на Мареј и Ѓоковиќ во втората половина од сезоната.

Си поделија по две Грен слем титули, па сега се уште подалеку од конкурентите.

„Дали Рафа може да го урне рекордот на Роџер? Се зависи од него и колку сака да игра, колку ја сака играта. Ако каже, ќе играм додека не наполнам 35 години, мислам дека има навистина добри шанси. Ако погледнете математички, ќе има многу прилики да освои уште некој Грен слем. Има и срце, а и ментално е спремен за тоа. Секогаш ќе биде фаворит на Ролан Гарос, додека на Вимблдон ќе биде под стрес. На останатите два турнири секогаш ќе биде меѓу еден од двата фаворити. Добро е за спортот што нивото ривалство е повторно 'живо' "- смета Пит Сампрас, кој со освоени 14. Грен слем титули во овој момент е на третото место на вечната листа.

Но иако ги фаворизира Федере и Надал, легендарниот американски тенисер е уверен дека Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј ќе имаат своја шанса во наредната сезона.

„Без оглед на тоа што земаа толкаво време ќе бидат посебно мотивирани и гладни за успех. Сигурен сум дека и Новак и Енди ќе бидат способни да се борат за најголемите титули"- истакнува Сампрас.

Најново во Други спортови