ОРГАНИЗАТОРИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА УШТЕ ЧЕКААТ

Паника: Новак Ѓоковиќ го нема никаде

Во Бризбејн уште чекаат Србинот да се јави и да го потврди учеството на турнирот

објавено: 27 октомври 2017 - 19:00

Во австралискиот град Бризбејн владее тениска паника, откако српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ уште не дал потврда дека ќе игра на АТП турнирот кој ќе стартува на 31 декември и ќе се игра до 7 јануари. 

Некогаш најдобриот тенисер во светот најави дека по пауза од шест месеци планира да се врати на теренот и тоа токму пред крајот на годината. Ѓоковиќ најави дека сака да игра на егзибицискиот турнир во Абу Даби, кој е на програмата од 28 до 30 демекври. 

Популарниот Ноле засега уште не потврдил дека ќе пристигне во Бризбејн, на турнирот кој започнува на 31 декември. Организаторите дуеи се подготвени да му дозволат на Новак да задоцни и да се приклучи на 4 јануари, само да биде дел од натпреварувањето. 

„Сакаме Ѓоковиќ да игра. Подготвени сме неговиот меч да го поместиме дури и на третиот ден од турнирот. Го чекаме неговиот одговор“, велат организаторите на турнирот. 

Најново во Други спортови