Македонскиот тенисер имаше успешен почеток

Перфектен старт на Јотовски во Тунис

Во првото коло на 15.000 американски долари вредниот турнир во Тунис, нашиот тенисер со 6:2, 6:1 го совлада домашниот претставник Јусеф

објавено: 21 март 2017 - 13:55

Томислав Јотовски имаше одличен старт на фјучр турнирот во Хамамет, Тунис вреден 15.000 американски долари. Во првото коло, нашиот најдобар машки тенисер во првото коло го победи домашниот претставник Јусеф Дабаби со 6:2, 6:1 во гејмови.

Томи не дозволи никакво изненадување од страна на противникот кој на турнирот настапи со добиена вајлд карта.

Во второто коло, Томи ќе се соочи со Бразилецот Никола Сантош кој е осми носител на овој фјучр турнир.

Најново во Други спортови