Симона е чудо

Петка за Халеп, Романката без спонзор оди на историска гренд-слем титула

Симона Халеп има шанса да биде првата светска тенисерка што освоила гренд-слем титула на турнирот во Мелбурн, на кој има спасено меч топки на два различни меча. Ги има вкупно 5, четири на маратонскиот дуел со Лорен Дејвис во третото коло и една во полуфиналето со Анжелик Кербер. Има уште еден неверојатен податок што е за историја, ако Романката успее да ја совлада Каролине Вознијачки, утре во финалето на Австралија опен

објавено: 26 јануари 2018 - 21:45

Симона Халеп има шанса да биде првата светска тенисерка што освоила гренд-слем титула на турнирот во Мелбурн, на кој има спасено меч топки на два различни меча. Ги има вкупно 5, четири на маратонскиот дуел со Лорен Дејвис во третото коло и една во полуфиналето со Анжелик Кербер. Има уште еден неверојатен податок што е за историја, ако Романката успее да ја совлада Каролине Вознијачки, утре во финалето на Австралија опен.

Халеп е топ-рангирана и носителка и тенисерка на светската листа, а нема спонзор. До почетокот на годината имаше соработка со „Адидас“, но договорот не беше продолжен, па Симона игра без обележја од било каков спонзор во Мелбурн.

Реткост во светот на тенисот, особено кога се работи за прворангираната светска тениска дама, која има убава шанса да се закити со првиот гренд-слем пехар во кариерата.

Најново во Други спортови