ФАВОРИТКИТЕ БЕЗ МАКА ВО ТОРОНТО

Плишкова со прва победа како број 1

Каролина Плишкова го доби првиот меч како светска тенисерка број 1, победувајќи ја Анастасија Пављученкова со 6:3/6:3 во првиот меч на Роџерс купот во Торонто

објавено: 10 август 2017 - 10:00

Таа вели дека не гледа голема промена во ситуацијата иако сега е на врвот на ВТА-листата.

„Воопшто не размислував за тоа. Малку бев нервозна бидејќи сакав да почнам со победа. Ништо не се смени. Уште одам на тренинг и сакам да победам во секој меч. Можеби притисокот е поголем, но засега не го забележувам“, вели Плишкова.

Венус Вилијамс „извлече“ 7:5/7:5 победа над Чехинката Катерина Синијакова за пласман во третото коло, каде што ќе игра со 5. носителка, Украинката Елина Свитолина.

„Не сум играла одамна против неа, така што ќе видиме што ќе се случи. Таа имаше одлична сезона, но и јас не сум лоша“, вели Вилијамс.

Одбраната на титулата, Симона Халеп ја почна со 6:3/6:4 победа над Магдалена Рибарикова, додека шампионката од Вимблдон, Гарбиње Мугуруза со 7:5/6:2 ја победи Кирстен Флипкенс во својот прв настап на турнирот во Канада.

Најново во Други спортови