Одлично игра нашиот тенисер во Анталија

По Илхан, Јотовски го „среди“ и Галопини

Томислав Јотовски продолжи со одличнито настап на турнирот од фјучрс серијата во Анталија и по елиминацијата на третиот носител Марсел Илхан, денеска го надигра и италијанскиот тенисер Давиде Галопини

објавено: 19 април 2018 - 16:30

Томислав Јотовски продолжи со одличнито настап на турнирот од фјучрс серијата во Анталија и по елиминацијата на третиот носител Марсел Илхан, денеска го надигра и италијанскиот тенисер Давиде Галопини. Малку потешко од првиот дуел, нашиот најдоброрангиран тенисер се пласира во четвртфиналето. Јотовски победи со 4:6, 6:4, 6:3 и го чека подобриот од дуелот меѓу Липовшек и Неједли.

Најново во Други спортови