На најновиот ВТА ранкинг

По најдобриот пласман, Лина се најде две места подоле

Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа се најде на 193. место на најновата ВТА листа во сингл. 

објавено: 6 март 2017 - 09:20

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се најде на 193. место на најновата ВТА листа во сингл. Поради повреда Ѓорческа веќе две недели е надвор од натпреварувачки ритам, таа не настапи на ниту еден турнир. Токму затоа нашата најдобра тенисерка не успеа да го задржи најдобриот пласман во нејзината кариера од минатата недела кога се најде на 191 место во сингл.

Во конкуренција на двојки нашата тенисерка остана на истата позиција, се наоѓа на 138 место со 534 поени.

Во машка конкуренција, Томислав Јотовски падна две места на ВТА листата и се најде на 774. позиција, додека Димитар Грабул е на 1034 место. 

 

 

 

  

Најново во Други спортови