Одличен почеток во Пловдив

Победнички старт во Дејвис купот - Македонија - Исланд 2:1

Димитар Грабул и Горазд Србљак со убедливо победи од 2:0 во сингл мечевите со Егил Сигурдсон и Биркир Гунарсон и донесоа победа на Македониај против исланд во првиот меч на турнирот во Пловдив, Бугарија

објавено: 4 април 2018 - 15:30

Димитар Грабул и Горазд Србљак со убедливо победи од 2:0 во сингл мечевите со Егил Сигурдсон и Биркир Гунарсон и донесоа победа на Македониај против исланд во првиот меч на турнирот во Пловдив, Бугарија.

Го загубивме мечот без значење во игра на двојки, но веќе се беше решено претходно. Србљак го декласира Сигурдсон со 6:0 и 6:2, а продолжи ветеранот Грабул со лесен триумф од 6:2, 6:3 со Гунарсон.

Јанкуловски и Мицов загубија со 4:6, 6:7 од тандемотМагнусон и Сигурдсон, но во Дејвис купот се бројат победите на репрезентациите, па Македонија со два бода го чека утрешниот меч со Албанија, селекција која денеска загуби од Бугарија со 0:3.

Најново во Други спортови