За првпат по Лондон и Вимблдон во 1985 година

Покер Американки во полуфиналето на САД опен

Американка ќе биде победничка на последниот гренд-слем турнир во Њујорк на САД опен, по победата на Медисон Киз против Каја Канепи. Киз ќе игра против Коко Вандевеј во едното полуфинале, а сеамериканската пресметка ќе продолжи и со мечот меѓу Венус Вилијамс и Слоун Стивенс 

објавено: 7 септември 2017 - 11:03

Американка ќе биде победничка на последниот гренд-слем турнир во Њујорк на САД опен, по победата на Медисон Киз против Каја Канепи. Киз ќе игра против Коко Вандевеј во едното полуфинале, а сеамериканската пресметка ќе продолжи и со мечот меѓу Венус Вилијамс и Слоун Стивенс.

Киз славеше со 6:3, 6:3 против Естонката и го комплетираше квартетот на тенисерки во полуфиналето на гренд-слем турнирот во Њујорк. И сите се Американки, па титулата ќе остане дома. Ваков случај за последен пат имаше во 1985 година на Вимблдон, кога Крис Еверт, Кети Риналди, Зина Гарисон и Мартина Навратилова беа полуфиналистки во Лондон. Тогаш трофејот го освои Навратилова.

Најново во Други спортови