УШТЕ ЕДЕН „ЖЕЖОК ДЕН" ВО МЕЛБУРН

После тричасовно „печење" – Димитров е во осминафиналето

Бугарскиот тенисер се пласира во наредната рунда на Австралија опен откако со (3-1) во сетови беше подобар од Андреј Рубљов...

објавено: 19 јануари 2018 - 12:05

Повеќе од три часа добар тенис му беа потребни на Григор Димитров да се пласира во осминафиналето на отвореното првенство на Австралија.

Бугарскиот тенисер имаше доста проблеми, беше во загубена ситуација по вториот сет од мечот со Андреј Рубљов. Имаше Русинон брејк ситуација во третиот, но третиот тенисер на светото знаеше да се врати и да победи. И да го чека подобрито од дуелот Киргиос-Цонга
Во останатите мечеви, Британецот Кајл Едмунд обезбеди пласмна меѓу 16 најдобри затоа што во пет сетови беше подобар од Грузиецот Николоз Басилашвили.
За место во четвртфиналето ќе игра против Италијанецот Сепи кој „преживеа" маратон од меч со Иво Карловиќ од Хрватска.
Во осиминафиналето ќе иигра и 10 носител Пабло Карењо Буста, кој со (7-6, 4-6, 7-5, 7-5) го елиминира Жил Милер од Луксембург.
Аргентинецот Диего Шварцман го победи Украинецот Александар Долгополов, со пресврт, во четири сета (3-1). За место во ТОП 8 ќе игра против најдобриот тенисер на светото во овој момент, Рафаел Надал, кој експресно, со (3-0), го елиминираше Дамир Џумхур.

Најново во Други спортови