АНГЛИЧАНИТЕ ПРЕСЕКОА

Повеќе нема да гледаме маратонски мечеви на Вимблдон

Вимблдон од следната година ќе воведе тај-брејк во петтиот сет, на овој начин ќе стави крај на маратонските мечеви.

објавено: 19 октомври 2018 - 14:24

Вимблдон речиси секоја година носи по еден маратонски меч кој игра со часови, а оваа година Кевин Андерсон и Џон Иснер последниот петти сет го играа дури три часа. Овој дуел беше најдолг во историјата, траеше шест часа и 35 минути.

Рекордот го држи Иснер кој во 2010 година во првото коло играше против Никлас Махут, мечот траеше три дена, а играчите на теренот минаа 11 часа и пет минути. На крајот Иснер славеше со 70:68.

Ова ќе остане рекорд, според ББС дојде крајот на ваквите маратонски пресметки, во иднина победникот во петтиот сет ќе биде одличен со тај-брејк.

Сепак Англичаните направија еден сиклучок, тај-брејкот во петтиот сет нема да се игра при 6:6, туку при 12:12.

 

Најново во Други спортови