Што се случува со српскиот тенисер

Повреден ли е Ѓоковиќ? Без снимање, молам

Новак Ѓоковиќ експресно ги смени плановите и го откажа отворениот тренинг во Мелбурн, пред настапот на Австралија опен, а новинарите објавија дека е можно повторно да е повреден, со што постои веројатност и да се откаже од учество на првиот гренд-слем во сезоната

објавено: 8 јануари 2018 - 14:37

Новак Ѓоковиќ експресно ги смени плановите и го откажа отворениот тренинг во Мелбурн, пред настапот на Австралија опен, а новинарите објавија дека е можно повторно да е повреден, со што постои веројатност и да се откаже од учество на првиот гренд-слем во сезоната.

Австралиската ТВ куќа ЦБС доби покана да го снима тренингот на Ѓоковиќ, но во последен момент стручниот штаб на Новак и тој самиот одлучија да не дозволат снимање.

И веднаш, очекувано почнаа шпекулациите за можното откажување на популарниот Џокер од настап на Австралија опен.

Ѓоковиќ отсуствуваше долго од тениските терени, цели 6 месеци, а потоа најави кам-бек, но сега повторно постои сомнеж, дали е комплетно фит за првиот гренд-слем. Австралија опен почнува на 14. јануари.

Најново во Други спортови