ЌЕ СЕ МЕНУВА „ОД КОРЕН"

ПРОБЛЕМАТИЧНИОТ АВСТРАЛИЕЦ РЕШИ: Побара помош од психолог

Тенисерот од Австралија Ник Киргиос, рече дека посетува психолог, и дека не сака повеќе да го крие тоа...

објавено: 8 ноември 2018 - 14:05

Во последните неколку години Киргиос е во центарот на вниманието, многу повеќе поради своето однесување отколку поради играта. Често влегува(ше) во судир со судиите, ги кршеше рекетите, пцуеше. А во некои одредени делови од мечевите, не беше заинтересиран за игра.
Оваа сеозна ја заврши уште во текот на октомври, поради повреда на лактот, после која се повлече од „Купот Кремљ" во Москва.
Се врати во Австралија каде ќе се подготвува за новата сезона, каде освен тоа работи и на своето ментално здравје.

„Се мачев со неколку работи на теренот и надвор од него оваа година, не беше лесно. Но, почнав да одам кај психолог, и се обидувам да бидам најздрав што може да бидам. Тоа и го правам, и мислам дека такви работи не треба да ги кријам" – рече Кирјос пред австралиските новинари.

За време на мечот на УС Опенот во Њујорк ова лето, главниот судија му пријде на Ник и разговараше со него во обид да го охрабри и да не се откаже. Минатиот месец испадна во првото коло од Мастерсот во Шангај, каде исто така беше критикуван поради слабото залагање.
Киргиос реше дека „ е многу среќен" што има меѓународна тениска кариера и најави дека ќе го промени распоредот на турнирите за да ги избегне проблемите кои ги имаше во текот на оваа сезона, пред се на психолошки план.

"Со мојот тим ќе го корегирам распоредот. Мислам дека во изминатите години не беше добар, затоа што ниту еднаш не го дочекав крајот на сезоната" - наведе 37.тенисер на светот.

Најново во Други спортови