ЖЕНСКАТА ДЕЈВИС КУП РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА Е ВО ТУНИС

Прво против Исланд

Македонската Фед Куп репрезентација вчера пристигна во Гамарт, каде од понеделник ќе започне со настап на Фед Куп натпреварите во 2018 година.

објавено: 15 април 2018 - 17:50

Македонската Фед Куп репрезентација вчера пристигна во Гамарт, каде од утре ќе започне со настап на Фед Куп натпреварите во 2018 година.

Денеска беше реализирана и ждрепката на натпреварувачките групи. Согласно со тоа,. Македонија (ранг 75) же се натпреварува во Групата „А“ заедно со првиот носител Литванија (ранг 65), Ерменија (ранг 90) и Исланд (ранг 103).

Ние сме на втората позиција во групата и првиот натпревар го играме со репрезентацијата на Исланд. Македонската репрезентација отпатува во следниот состав: Катарина Маринковиќ, 2. Ана Ристевска, Јана Таневска, Марија Еленова. Селектор и капитен на нашито национален тим е Димитар Лабудовиќ.

Инаку, во групата Б се уште пет репрезентации: Кипар (ранг 73), Тунис (ранг 86), Алжир (ранг 89), Косово (ранг 96), и Мадагаскар (ранг 91)

Најново во Други спортови