ФРАНЦУЗИНОТ СО ИСКЛУЧИТЕЛЕН ТУРНИР ВО ШТУТГАРТ

Пуј со прва титула на трева и со нов „Мерцедес“

Францускиот светски број 16, Лукас Пуј се подготви за Вимблдон со 4:6/7:6(5)/6:4 победа над ветеранот Фелисијано Лопез во финалето на Мерцедес купот во Штутгарт

објавено: 18 јуни 2017 - 16:30

23-годишниот Пуј, имаше 29 аса во мечот од речиси два часа за своја втора титула во 2017 година по таа во Будимпешта во април, а оваа година играше и во финалето во Марсеј.

35-годишниот Лопез, кој последен пат играше во финале во август 2016, одеше на шеста титула во кариерата и трета на трева. Лопез имаше шанса за брејк на 1:1 и 2:2 во вториот сет, но Пуј со силниот сервис се „спасуваше“, за да го добие сетот во тај-брејк и потоа со еден брејк во третиот сет да ја комплетира победата.

Пуј инаку спасуваше меч-поен против Германецот Јан-Ленар Штруф во второто коло на турнирот.

Најново во Други спортови