ПОЛЈАЧКАТА ЌЕ ЈА БРАНИ ТИТУЛАТА ВО СИНГАПУР

Радвањска последна во полуфиналето

Агњешка Радвањска ја победи Каролина Плишкова за да продолжи со одбраната на титулата на ВТА-финалето во Сингапур комплетирајќи го полуфиналниот состав

објавено: 28 октомври 2016 - 15:49

Радвањска, која во средата ја пбоеди Гарбиње Мугуруза да остане во игра за полуфинале, ја победи Плишкова со 7:5/6:3 за да обезбеди дуел со првопласираната од Црвената група, светската тенисерка број 1, Анџелике Кербер. Во второто полуфинале ќе играат Светлана Кузнецова и Доминика Цибулкова.

Радвањска го загуби сервисот во петтиот гем од првиот сет, но потоа врати со два брејка за да го освои сетот на втор сет-поен. Потоа следуваше тесен старт на вториот сет, во кој Плишкова го освои вториот долг гем за да остане во игра. Меѓутоа, Радвањска потоа освои четири гема во низа за да го комплетира мечот.

Во првиот меч од Белата група, шампионката од Ролан Гарос, Мугуруза ја прекиан победничката низа на Кузнецова победувајќи со 3:6/6:0/6:1 во меч кој не значеше многу. Кузнецова на крајот едноставно немаше сили по две победи во три сета, освојувајќи еден од последните 12 гемови против Шпанката за пораз по час и 34 минути игра.

Најново во Други спортови