ПОЛЈАЧКАТА СМЕТА ДЕКА РУСИНКАТА ТРЕБА ДА СЕ ПОМАЧИ

Радвањска: Шарапова не заслужува вајлд-карта за Париз

Поранешната светска тенисерка број 1, Марија Шарапова не треба да добие лесен влез на Ролан Гарос по кам-бекот од допинг-суспензијата, вели нејзината полска ривалка, Агњешка Радвањска

објавено: 21 април 2017 - 20:55

Француската тениска федерација (ФФТ) следниот месец треба да одлучи дали на 30-годишната поранешна шампиока да и дозволи настап на турнирот кој започнува на 28 мај. Русинката доби вајлд-карти за настап во Штутгарт, Мадрид и Рим, но Радвањска вели дека слободен влез во Париз е грешка.

„Засега не е поканета да игра на гренд слем турнирите во Париз и Лондон и според мене така треба да остане. Таа треба да го заработи местото на гренд слемот со добри резултати, додека ваквите вајлд-карти треба да ги добиваат тенисери и тенисерки кои паднале на рејтинг-листата поради повреда или болест. Марија треба да ја обнови својата кариера на поинаков начин“, вели Радвањска.

Најново во Други спортови