НАДАЛ ЈА ОПРАВДА УЛОГАТА НА ФАВОРИТ ВО ЊУЈОРК

Рафа до титулата број 16

Дебитантот во едно Грен слем финале беше само добар спаринг партнер на Шпанецот (6:3, 6:3, 6:4)..

објавено: 11 септември 2017 - 08:30

Рафаел Надал сигурно и убедливо стигна до својата трета титула на УС Опен, или вкупно 16 од таков вид во кариерата (со само седум порази во финалните натпревари).

Шпанецот ја оправда фаворитската улога во финалето во Њујорк против дебитантот (во едно финале на Грен слем), Кевин Андерсон, го победи со максимални 3:0 (по сетови 6:3, 6:3, 6:4).
Па сега има три титули од оние најголемите, помалку во однос на Роџер Федерер, а четири повеќе од Новак Ѓоковиќ.


Во дуелот на тенисерите кои се на иста возраст (Андерсон е постар само 16 дена), кој траеше 2 часа и 22 минути, од почетокот беше јасно кој е поискусен, подобар и посигурен во себе и своите удари.
Надал го заврши финалето со само 11 изнудени грешки. Не му даде ниту една шанса на противникот да направи брејк, а единствениот гем кој се играше на „разлика" (40:40), беше оној последниот. Ја пропушти првата меч топка, но одлично ги отсервира наредните два поени.


Така стигна до првиот Грен слем трофеј освоне надвор од Париз после цели четири години, Поточно од 2013 година кога на истото место, во „Големото јаболко", беше подобар од Новак Ѓоковиќ. А последниот турнир кој го има освоено на т.н „тврди подлоги" е оној на почетокот на 2014 година, во Доха.
Освен десет победи на Ролан Гарос, и овој трет успех на УС Опен, Надал двапати го освои Вимблдон, и еднаш беше прв во Австралија.
Како 32. Пласиран на АТП листата, Кевин Андерсон се обиде да го освои УС Опен како играч со „најлош ранкинг", и тоа уште од времето на Андре Агаси, кој во 1994 година го освои шампионатот како 20. играч на светот.

Најново во Други спортови