„КРАЛОТ НА ЗЕМЈАТА " УШТЕ ПОБЛИСКУ ДО НАЈГОЛЕМИТЕ

Рафа го турна Конорс, се израмни со Ноле, го напаѓа Бјорг...

Шпанецот дојде до 900. победа откако е професионалец. И 234 на најголемите турнири на светот. Освен тоа, го претекна легендарниот Џими Конорс и сега е на третото место на вечната тениска листа со најмногу победи на Грен слем турнир.

објавено: 4 јуни 2018 - 19:00

Рафаел Надал во осминафиналето на парискиот Грен слем го победи 70.тенисер на светот, Максимилијан Мартерер со (3:0) во сетови.

Би се рекло ништо чудно кога станува збор за најдобриот светски тенисер на земја. Но по оваа победа, Шпанецот помести некои граници во историјата на Ролан Гарос.
За кралот на земјата ова е 900. победа откако е професионалец. И 234 на најголемите турнири на светот.
Освен тоа Рафа го претекна легендарниот Џими Конорс и сега е на третото место на вечната тениска листа со најмногу победи на Грен слем турнир.

Пред него се само Новак Ѓоковиќ кој има 244 и Роџер Федерер кој е се чини недостижен со 332 успеси.
Со победата над Германецот, Надал се ибори за 12. настап меѓу осумте најдобри на париската земја, и така го израмни рекордот на Ѓоковиќ кој го направи еден ден порано.
Со трите освоени сета против Мартерер, Надал дојде до 37.освоени по ред сетови на Ролан Гарос.
За последне пат загуби од Ѓоковиќ во 2015 година, кога застана во четвртфиналето. А сега е блиску до рекордот на еден Бјорн Борг, кој владееше на земјата во Париз во периоот од 1979 до 1981 година кога освои 41. сет по ред.
Во четвртфиналето, Мадал игра против својто добар пријател Диего Швартцман со кој имаше заеднички подготовки за овој турнир, и тоа на „Рафаел Надал академијата" во Манакор.
Во досегашните пет мечеви, Надал нема забележано пораз против овој тенисер.

Најново во Други спортови