ПОЗНАТИ ФИНАЛИСТИТЕ ВО САО ПАУЛО

Рамос и Куевас по бразилската круна

Шпанецот Алберт Рамос-Вињолас по тричасовна битка се пласираше во финалето на Бразилскиот опен во Сао Пауло, каде што ќе се сретне со Уругваецот Пабло Куевас

објавено: 4 март 2017 - 23:15

Рамос-Вињолас успеа да го победи Португалецот Жоао Соуса со 6:7(5)/7:5/6:2 за да се пласира во своето прво финале оваа сезона. Во неговите три последни латиноамерикански турнири на земја, тој стигна до две полуфиналиња и едно четврт-финале.

Куевас спречи шпанско финале во Сао Пауло, откако со 6:3/7:6(2) го победи Пабло Карењо-Буста.

Најново во Други спортови