Шпанецот направи сензација

Рамос-Вињолас го елиминира Мареј во Монте Карло

Шпанецот Адријан Рамос-Вињолас приреди првокласна сензација и го елиминира фаворитот за титулата во Монте Карло, Енди Мареј 

објавено: 20 април 2017 - 14:22

Шпанецот Адријан Рамос-Вињолас приреди првокласна сензација и го елиминира фаворитот за титулата во Монте Карло, Енди Мареј.

Подвигот е уште позначаен, по предноста на шкотскиот тенисер од 4:0 во третиот и решавачки сет. Потоа почна тениското чудо во режија на Рамос-Вињолас, а Шпанецот израмни на 4:4, по што фаворитот комплетно падна во играта и загуби со 5:7. Мареј згора на се и водеше со 1:0, откако го доби првиот сет со 6:2, но потоа шпанскиот тенисер направи пресврт и ги доби следните два сета со 6:2 и 7:5.

Во четвртфиналето Адријан ќе игра со Марин Чилиќ, тенисер кој го елиминираше Томаш Бердих со победа од 2:0 во сетови.

Најново во Други спортови