ЈА СОПРЕ ИТАЛИЈАНСКАТА СЕНЗАЦИЈА ВО ПАРИЗ

РЕЗУЛТАТ НА КАРИЕРАТА: Тим стигна до првото Грен слем финале

Австралиецот Доминик Тим го постигна најголемиот успех откако се занимава со тенис...

објавено: 8 јуни 2018 - 17:00

Осмиот тенисер на светот во полуфиналето го победи најголемото изненадување на вториот Грен слем турнир во сезоната, отвореното првенство на Франција во Париз, Италијанецот Марко Чекинато (7:5, 7:6, и 6:1) за два часа и дваесет минути игра.

После поразот од Новак Ѓоковиќ во 2016 и Рафаел Надал во 2017 година, Диминик Тим успеа во третиот обид да ја прескокне полуфиналната пречка и за прв пат во својата кариера да обезбеди место во борба за трофејот на Грен слем турнирите.
Во недела на пладне, австралискиот тенисер ќе се сретне со подобриот од дуелот Рафаел Надал и Хуан Мартин Делпотро.

Најново во Други спортови