МАША ГО ПОВЛЕЧЕ ПРВИОТ ПОТЕГ

Русинката не се предава без борба: Шарапова се жалеше во Лозана, можеби ќе игра и на Олимпијада

Поранешната најдобра светска тенисерка Марија Шарапова поднесе жалба пред Арбитражниот суд за спорт во Лозана поради двегодишната суспензија што ја доби од ИТФ минатата недела.

објавено: 14 јуни 2016 - 21:25

Русинката смета дека казната е преостра и најави дека нема да се предаде без борба. Освојувачката на пет Гренд слем титули не игра од јануари кога била позитивна на допинг тест, но на одлуката од ИТФ се чекаше речиси пет месеци.

Двете страни во овој случај се договориле да се дејствува по брза процедура, па одлуката на Арбитражниот суд во Лозана ќе биде позната најдоцна до 18 јули. Ако Шарапова успее во својата жалба, ќе има можнос за настап на Олимписките игри во Рио де Жанеиро кои почнуваат на 5 август.

Најново во Други спортови