ЕМОТИВНО

Се расплаче откако ја освои првата ВТА титула по пауза од шест години (Видео)

Германката Јулија Гергес триумфираше на турнирот во Москва

објавено: 21 октомври 2017 - 14:21

Германската тенисерка Јулија Гергес триумфираше на ВТА турнирот во Москва, откако во финалето, лесно со 6:1 и 6:2 славеше против Дарија Касаткина. Германката многу емотивно го дочека крајот на мечот. По освојувањето на последниот поен, Гергес почна да плаче од среќа. 

За тенисерката која е на 7 место на ВТА листата ова беше прва титула во сингл конкуренција по пауза од шест години, а вкупно трета во кариерата.  

Најново во Други спортови