Американецот е најубавата приказна досега на Австралија опен

Сензационален е Тенис од Тенеси, Сандгрен приреди нова сензација

Американецот Тенис Сандргрен приреди нова сензација на Австралија опен и е првиот тенисер во последните 20 години што успеал да се пласира во четвртфиналето, во своето прво учество на гренд-слем турнирот во Мелбурн

објавено: 22 јануари 2018 - 11:14

Американецот Тенис Сандргрен приреди нова сензација на Австралија опен и е првиот тенисер во последните 20 години што успеал да се пласира во четвртфиналето, во своето прво учество на гренд-слем турнирот во Мелбурн.

Сандгрен во маратонски меч го елиминира Доминик Тим со 3:2 во сетови, откако претходно го исфрли од игра и поранешниот шампион Стен Ваврвинка.

Тим беше фаворит и рангиран како петти носител на турнирот, но не успеа да го скрши отпорот на челичниот Сандгрен. Тенисер со уникатно име Тенис, родум од Тенеси и рангиран како 97. на светската ранг-листа.

За првпат игра на австралискиот гренд-слем, а досега имаше само 8 меча на АТП турнирите, иако има 26 години. 

Во следното коло за бајката да биде комплетна Сандгрен ќе игра за полуфинале против победникот од мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Хјеон Чунг, кој е во тек.

Најново во Други спортови