АМЕРИКАНКАТА НЕМА ДА ИГРА ДО АВСТРАЛИЈА

Серена ја прекрати сезоната

Серена Вилијамс се повлече од ВТА-финалето во Сингапур следната недела поради повреда, завршувајќи ја сезоната поради повреда на рамото

објавено: 17 октомври 2016 - 15:15

Американската светска тенисерка број 2, нема играно по поразот во полуфиналето на УС опен во септември. Местото на 35-годишната Вилијамс ќе оди на деветопласираната тенисерка во „Трката за Сингапур“, место на кое во моментов е Британката Јохана Конта.

„Навистина сум многу разочарана што нема да можам да се натпреварувам. Годината беше многу тешка за мене, посебно поради повредата на рамото. Докторот инсистира да остнаам дома и да одмарам во секоја шанса која ќе ја имам за да можам да се вратам на тенисот следната година“, изјави Вилијамс.

Најново во Други спортови