ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ПОРАНЕШНИОТ БРОЈ 1 ВО ЖЕНСКИОТ ТЕНИС

Серена ќе игра на Вимблдон

Американската тенисерка серена Вилијамс во наредните две недели ќе се опоравува, и најавува дека ќе биде подготвена да се појави на најголемиот турнир во светот она трева потврди нејзиниот тренер, Патрик Муратоглу.

објавено: 9 јуни 2018 - 19:30

Серена Вилијамс го предаде дуелот од осминафиналеот на парискиот Ролан Гарос против Марија Шарапова.
Но како што вели нејзиниот тренер Патрик Муратоглу, тоа бил изнуден потег.

"Ако Серена продолжеше да игра во Париз, веројатно би дошло до 'пукање' на мускулот. Сега и се потребни 15 дена за да се опорави. Мислма дека учеството во дубл на Ролан Гарос беше пришина за нејзините проблеми. Би било погрешно кога и на Вимблдон игра една таква комбинација. Веќе разговаравме околу тоа. Но Серена е непредвидлива, и никогаш не знаете која одлука ќе ја донесе"- вели Муратоглу.

Моментално, 30.годишната Американка се наоѓа на 45.место на светската ранг листа. А титулата во Вимблдон ја освојуваше седум пати. За последен пат тоа беше во 2016 година, а минатата не учествуваше поради породувањето.

Најново во Други спортови