АМЕРИКАНКАТА ЌЕ АТАКУВА НА СВОЈАТА 24. ГРЕН СЛЕМ ТИТУЛА

Серена Вилијамс ќе игра на Австралија Опен 2019

Серена Вилијамс потврди дека на почетокот од наредната година ќе учествува на Првиот грен слем турнир оваа сезона, Отвореното првенство на Австралија 2019, соопштија организаторите.

објавено: 5 декември 2018 - 11:31

Поранешната прва тенисерка на светот досега седум пати го освојуваше Мелбурн, каде што не играше оваа година. Таа ќе се обиде наредниот месец да ја освои 24. Грен слем титула и воедно се израмни со Маргарет Корт.

Вилијамс (37) минатата година ја освои титулата на Австралија Опен со победата во финалето против нејзината сестра Венус, а тогаш беше бремена, во осмата недела. Таа се породи во септември 2017. година, а од враќањето на теренот играше во финалето на Вимблдон и УС Опен, и загуби на двата меча.

Последниот меч оваа година го играше во финалето на Флешинг Медоуз, каде загуби од Наоми Осака од Јапонија, дуел кој што го одбележа нејзиниот конфликт со судијата Карлос Рамос.

Во текот на последната недела во оваа година ќе игра на егзибицискиот турнир во Абу Даби, а потоа ќе замине во Австралија, каде ќе игра на Хопман купот, како подготовка за АО.

Најново во Други спортови