Како загревање за одбрана на титулата на Австралија опен

Серена Вилијамс се враќа на тениските терени со дерби против Остапенко

Серена Вилијамс се враќа на тениските терени и за првпат откако ја роди ќерката Алексис Олимпија Оханијан ќе игра и тоа против победничката на Ролан Гарос, Јелена Остапенко

објавено: 25 декември 2017 - 09:30

Серена Вилијамс се враќа на тениските терени и за првпат откако ја роди ќерката Алексис Олимпија Оханијан ќе игра и тоа против победничката на Ролан Гарос, Јелена Остапенко.

Во дуел меѓу актуелната шампионка на Австралија опен и престижниот париски гранд-слем, што ќе се игра во Абу Даби на егзибицискиот турнир на 30.декември.

Серена го роди првото дете во септември годинава и ова ќе и биде прв настап оттогаш. Егзибицискиот турнир во Абу Даби одлично ќе и дојде на најтрофејната активна тенисерка како загревање за одбрана на титулата во Мелбурн.

Австралија опен ќе се игра од 15. до 28. јануари.

Најново во Други спортови