НЕКОЛКУ ИЗНЕНАДУВАЊА ПО ПРВИОТ ДЕН ОД ДЕЈВИС КУПОТ

Шампионите Аргентина пред елиминација во првото коло

Ослабената Аргентина по првиот ден од првото коло на Дејвис купот губи со 0:2 дома од Италија, додека Србија има 2:0 водство со охрабрените Руси. Убедливи се и Австралијците и Французите, додека Хрватска има 1:1 со Шпанија

објавено: 3 февруари 2017 - 22:48

Без својот број 1, Хуан Мартин дел Потро, Аргентина беше изгубена на Парк Сарминето во Буенос Аирес. Паоло Лоренци го „уништи“ Гвидо Пеља со 6:3/6:3/6:3 за 2 часа и 25 минути за да и даде на Италија важна предност, пред Андреас Сепи да се врати по лошиот трет сет за 6:1/6:2/1:6/7:6(8) победа над Карлос Берлок пред 2.000 гласни аргентински фанови предводени од фудбалската легенда Диего Марадона.

 

И Србија го завршува денот со убедливи 2:0 против Русија во Ниш, иако на моменти изгледаше дека домаќините ќе бидат изненадени од младите Руси. Виктор Троицки прво се намачи против Карен Хачанов во драматичен меч во пет сета пред да стигне до 6:4/6:7(3)/6:3/1:6/7:6(8), пред на теренот да излезе светскиот број 2, Новак Ѓоковиќ и да го загуби првиот сет од Данил Медведев. Младиот Русин дури имаше брејк во вториот сет, пред неговата игра да „колабира“ и да се повлече во четвртиот сет при 3:6/6:4/6:1/1:0.

Хрватска останува со надежи за пласман во четврт-финалето, откако по првиот ден во Осиек, имаат 1:1 против Шпанија. Херој на Хрватите беше светскиот рекет број 223. Франко Шкугор, кој по четири часа битка го доби тенисерот кој е 200 места пред него на АТП-листата, Пабло Карењо Буста. Без своите најдобри тенисери Марин Чилиќ, Борна Чориќ и Иво Карловиќ, Хрватска останува аутсајдер што се покажа откако Роберто Баутиста Агут лесно го совлада Анте Павиќ со 6:4/6:2/6:3.

 

ДЕЈВИС КУП, 1.КОЛО

АРГЕНТИНА - ИТАЛИЈА 0:2

Пеља (Арг) - Лоренци (Ита) 3:6/3:6/3:6

Берлок (Арг) - Сепи (Ита) 1:6/2:6/6:1/6:7(8)

ГЕРМАНИЈА - БЕЛГИЈА 1:1

Колшрајбер (Гер) - Дарси (Бел) 4:6/6:3/6:2/6:7(2)/6:7(5)

А.Зверев (Гер) - Де Греф (Бел) 6:3/6:3/6:4

АВСТРАЛИЈА - ЧЕШКА РЕПУБЛИКА 2:0

Томпсон (Авс) - Весели (Чеш) 6:3/6:3/6:4

Кирјиос (Авс) - Шатрал (Чеш) 6:2/6:3/6:2

САД - ШВАЈЦАРИЈА 0:0

Сок (САД) - Киундели (Шва)             

Изнер (САД) - Лаксонен (Шва)          

ЈАПОНИЈА - ФРАНЦИЈА 0:2

Даниел (Јап) - Гаске (Фра) 2:6/3:6/2:6

Нишиока (Јап) - Симон (Фра) 3:6/3:6/4:6

КАНАДА - ВЕЛИКА БРИТАНИЈА 0:0

Шаповалов (Кан) - Еванс (Бри)           

В.Поспишил (Кан) - Едмунд (Бри)     

СРБИЈА - РУСИЈА 2:0

Троицки (Срб) - Хачанов (Рус) 6:4/6:7(3)/6:3/1:6/7:6(8)

Ѓоковиќ (Срб) - Медведев (Рус) 3:6/6:4/6:1/1:0 пред.

ХРВАТСКА - ШПАНИЈА 1:1

Шкугор (Хрв) - Карењо Буста (Шпа) 3:6/6:3/6:4/4:6/7:6(6)

Павиќ (Хрв) - Баутиста Агут (Шпа) 4:6/2:6/3:6

Најново во Други спортови