Познато првото полуфинале во Дејвис купот

Шампионот Франција не ја дава круната во Дејвис купот, полуфиналисти се и Хрватска и САД

Лукас Пуле беше инспириран во Џенова и со две победи во сингл беше клучниот киграч на шампионот Франција за ново полуфинале во Дејвис купот. „Триколорите“ ја бранат титулата и го чекаат противникот, односно подбриот од четвртфиналниот меч меѓу Шпанија и Германија. Со убедливи победи против Казахстан, односно Белгија полуфинален меч сио закажаа Хрватска и САД

објавено: 8 април 2018 - 16:32

Лукас Пуле беше инспириран во Џенова и со две победи во сингл беше клучниот киграч на шампионот Франција за ново полуфинале во Дејвис купот. „Триколорите" ја бранат титулата и го чекаат противникот, односно подбриот од четвртфиналниот меч меѓу Шпанија и Германија. Со убедливи победи против Казахстан, односно Белгија полуфинален меч сио закажаа Хрватска и САД.

Пуле ги победи и Сепи и Фоњини и ја одведе Франција на патот кон 11. титула во Дејвис купот, а во Џенова Италија не најде рецепт за извонредниот фгранцуски тенисер.

Драма има во Валенсија, каде Ферер и Колшрајбер го играат решавачкиот петти меч за победа и полуфинале за Шпанија, или Германија.

Лесно до полуфинале стасаа Хрватска по победата од 3:1 против Казахстан и САД со триумф од 3:0 против Белгија.

Најново во Други спортови