ОДЛИЧЕН КАМ-БЕК НА ГРЕНД СЛЕМ ТУРНИРИТЕ ЗА РУСИНКАТА

Шарапова ја „исфрли“ Халеп

Очекуваната пресметка во првото коло на УС опен под рефлекторите на стадионот „Артур Еш" ги оправда очекувањата и Марија Шарапова на крајот замина како победник со силната 6:4/4:6/6:3 победа над втората носителка, Симона Халеп

објавено: 29 август 2017 - 08:34

Шампионката од 2006 година, Шарапова, беше блиску до победа во два сета, откако водеше со 4:1 во вториот сет, пред да и падне концентрацијата и на крај да мора да се избори за победа по 2 часа и 44 минути борба. По победата, Шарапова плачеше на своето столче.

„Мислев дека ова е само уште еден ден, уште една шанса и еден меч, но беше многу повеќе и изгледа не сакав да размислувам затоа. Работиме напорно токму за вакви моменти“, вели Шарапова.

Откако не доби вајлд-карта за Ролан Гарос, а потоа се повреди пред Вимблдон (каде што требаше да игра квалификации), Шарапова доби „зелена карта“ од организаторите на УС опен. Таа имаше шест победи во шест дуели со Халеп пред мечот, но беше аутсајдер бидејќи имаше настап на само четири турнири по крајот на 15-месечната суспензија поради позитивен тест на мелдониум.

Но, од почеток беше јасно дека Шарапова е фит и подготвена за борба. Халеп беше една од критичарите на одлуката да и се даваат вајлд-карти на првиот турнир по кам-бекот во Штутгарт, но во САД ги намали критиките, велејќи дека тоа не е нејзина работа.

Шарапова заврши со 60 победнички топки и 64 неизнудени грешки и искористи само 5 од своите 22 брејк-шанси, но ова само го покажува напаѓачкиот тенис со кој си направи име во 2004 кога на 17 години го освои Вимблдон. Следна за неа е Унгарката Тимеа Бабош.

УС ОПЕН - ФЛЕШИНГ МЕДОУЗ, ЊУЈОРК, 1.КОЛО

МАЖИ

(4) А.Зверев (Гер) - Кинг (Бар) 7:6(9)/7:5/6:4

 (5) Чилиќ (Хрв) - Сандгрен (САД) 6:4/6:3/3:6/6:3

(8) Цонга (Фра) - Копил (Ром) 6:3/6:3/6:4

(10) Изнер (САД) - Ербер (Фра) 6:1/6:3/4:6/6:3

(12) Карењо Буста (Шпа) - Кинг (САД) 6:2/6:2/7:6(5)

Томпсон (Авс) - (13) Сок (САД) 6:2/7:6(12)/1:6/5:7/6:4

(16) Пуј (Фра) - Бемелманс (Бел) 6:3/6:4/6:4

(17) Квереј (САД) - Симон (Фра) 6:4/6:3/6:4

(19) Милер (Лук) - Томич (Авс) 3:6/6:3/6:4/6:4

(20) Рамос-Вињолас (Шпа) - Истомин (Узб) 6:3/6:2/7:6(5)

Кукушкин (Каз) - (21) Ферер (Шпа) 4:6/6:3/6:2/6:1

(23) М.Зверев (Гер) - Квјатковски (САД) 7:6(5)/4:6/4:6/7:5/6:3

Лу (Тјв) - (25) Хачанов (Рус)  4:6/6:2/6:3/6:3

(28) Андерсон (ЈАР) - Арагон (САД) 6:3/6:3/6:1

(29) Шварцман (Арг) - Берлок (Арг) 6:2/6:1/6:3

Едмунд (Бри) - (32) Хасе (Хол) 6:3/7:5/6:3

Џонсон (САД) - Алмагро (Шпа) 6:2/7:6(2)/7:6(5)

Типсаревиќ (Срб) - Кокинакис (Авс) 6:7(5)/3:6/6:1/7:6(2)/6:3

Чунг (Кор) - Зебаљос (Арг)  3:6/7:6(8)/6:4/6:3

Албот (Мол) - Ескобедо (САД) 7:5/4:6/6:2/6:4

Доналдсон (САД) - Басилашвили (Гру) 6:0/4:6/6:3/7:6(6)

Пер (Фра) - Лацко (Свк) 6:3/6:2/7:6(5)

Села (Изр) - Јубанкс (САД)  6:2/6:4/6:2

Шаповалов (Кан) - Медведев (Рус) 7:5/6:1/6:2

Гулбис (Лет) - Џанеси (Ита) 6:4/3:6/6:2/7:6(5)

Мау (Фра) - Фучович (Унг) 6:3/2:6/6:4/2:6/7:6(3)

Чориќ (Хрв) - Весели (Чеш) 7:6(5)/7:6(2)/6:2

Ф.Маер (Гер) - Дутра Силва (Бра) 7:5/0:6/6:3/6:4

Нори (Бри) - Турсунов (Рус) 7:6(7)/6:1 пред.

Фабијано (Ита) - Смит (Авс) 7:6(5)/6:4/3:6/7:6(4)

Донској (Рус) - Хајдер-Маурер (Авт) 7:6(3)/5:1 пред.

Лоренци (Ита) - Соуса (Пор) 4:6/6:3/7:6(4)/6:2

ЖЕНИ

Шарапова (Рус) - (2) Халеп (Ром) 6:4/4:6/6:3

(3) Мугуруза (Шпа) - Лепченко (САД) 6:0/6:3

(5) Вознијацки (Дан) - Бузарнеску (Ром) 6:1/7:5

Круниќ (Срб) - (7) Конта (Бри) 4:6/6:3/6:4

(9) В.Вилијамс (САД) - Кузмова (Свк) 6:3/3:6/6:2

(11) Цибулкова (Свк) - Чепелова (Свк) 6:7(5)/6:3/6:2

(13) Квитова (Чеш) - Јанковиќ (Срб) 7:5/7:5

(16) Севастова (Лет) - Витхефт (Гер) 7:5/6:1

(18) Гарсија (Фра) - Мартинцова (Чеш) 6:0/6:1

Барти (Авс) - (21) Коњух (Хрв) 4:6/6:1/6:0

(22) Пенг (Кин) - Хесе (Фра) 6:4/6:1

Сакари (Грц) - (24) Бертенс (Хол) 6:3/6:4

(29) Лучиќ-Барони (Хрв) - Пуиг (Пур) 6:4/6:7(4)/7:6(4)

(30) Гергес (Гер) - Бек (Гер) 6:1/6:0

(31) Рибарикова (Свк) - Џорџи (Ита) 6:3/6:4

Кенин (САД) - (32) Дејвис (САД) 7:5/7:5

Стивенс (САД) - Винчи (Ита) 7:5/6:1

Кр.Плишкова (Чеш) - Егучи (Јап) 6:2/6:2

Женг (Кин) - Ван Ујтванк (Бел) 6:4/3:6/6:1

Дуан (Кин) - Лиу (САД) 7:6(8)/7:6(3)

Додан (Фра) - Парментие (Фра) 3:6/6:0/7:6(6)

Макарова (Рус) - Бартел (Гер) 6:2/6:1

Корне (Фра) - Вотсон (Бри) 6:4/6:4

Викери (САД) - Вихљанцева (Рус) 4:6/6:4/6:1

Саснович (Блр) - Босерап (САД) 6:2/6:2

Ар.Родионова (Авс) - Хогенкамп (Хол) 7:5/7:5

Бабош (Унг) - Голубич (Шва) 7:5/5:7/7:5

Томљановиќ (Авс) - Ларсон (Шве) 7:5/6:4

Суарез Наваро (Шпа) - Сојлу (Тур) 6:4/6:2

Козлова (Укр) - Бегу (Ром) 6:2/7:6(7)

Векиќ (Хрв) - Хадад Маја (Бра) 6:2/6:1

Александрова (Рус) - Заја (Гер) 6:2/6:3

Најново во Други спортови