РУСИНКАТА НЕ САКА ДА „МОЛИ“ ЗА ВАЈЛД-КАРТА

Шарапова ќе игра во квалификациите на Вимблдон

Марија Шарапова потврди дека нема да бара вајлд-карта за настап во главната ждрепка на Вимблдон, поштедувајќи ги организаторите од одлука која може да биде подложна на критики

објавено: 19 мај 2017 - 16:10

Русинката веќе прифати покана да игра на подготвителниот турнир во Бирмингем, кој почнува на 19 јуни, откако претходно организаторите на Францускиот опен решија да не и доделат вајлд-карта на нивната двократна шампионка.

„Пред неколку месеци добив вајлд-карта за Бирмингем, еден од моите омилени турнири кога бев млада. Поради подобрениот рејтинг по првите три турнири ќе играм на квалификациите на Вимблдон во Рохемптон и нема да барам вајлд-карта во главната ждрепка“, изјави Шарапова.

Шарапова ќе влезе во историјата како прва поранешна шампионка која ќе игра на квалификацискиот турнир, а исто така може да биде првата тенисерка која станала шампионка преку квалификациите.

Најново во Други спортови