СУРОВА ЖДРЕПКА ЗА РУСИНКАТА НА УС ОПЕН

Шарапова „налета“ на Халеп!

Првиот гренд слем меч на Марија Шарапова по повеќе од година и пол ќе биде против втората носителка, Романката Симона Халеп на УС опен

објавено: 25 август 2017 - 20:10

Ждрепката не ја посака Русинката, која отслужи 15-месечна допинг-суспензија за позитивниот тест на милдронат, по што прво не доби вајлд-карта за Ролан Гарос, а потоа мораше да се откаже од квалификациите за Вимблдон поради повреда.

Сепак, Американската тениска асоцијација (УСТА) реши да и даде вајлд-карта за настап на УС Опен бидејќи со нејзиниот рејтинг (147. на ВТА-листата), таа ќе мораше да игра квалификации. Шарапова беше шампионка во Њујорк во 2006 година.

Кај мажите пак, доколку Роџер Федерер и Рафаел Надал конечно го имаат првиот меѓусебен дуел на УС опен во нивното долго ривалство, тоа ќе се случи во полуфиналето.

Надал е прв носител на Флешинг Медоуз првпат од 2010 година откако се врати на првото место на АТП-листата оваа недела, додека Федерер е трет носител и за „несреќа“ двајцата завршија во горниот дел од ждрепката

Најново во Други спортови