НОВО ПОВЛЕКУВАЊЕ ОД АМЕРИКАНСКИОТ МАСТЕРС

Шарапова не игра во Синсинати

Марија Шарапова се повлече од Вестерн & Саутерн опен во Синсинати и е во „трка со времето" за да осигура учество на УС опен на крајот на август

објавено: 13 август 2017 - 18:00

Поранешната светска тенисерка број 1, која сега е 149. на ВТА-листата, продолжува да се мачи со проблемите со левата надлактица. Таа се повреди на турнирот во Стенфорд минатата недела и го прескокна и Роџерс купот во Канада.

„Пристигнав во Синсинати со желба за тениски мечеви, но по советите на лекарите пред УС опен нема да можам да играм. Благодарам на турнирот за вајлд-картата која ми ја даде и сигурно ќе се вратам следната година“, вели Шарапова, на која ќе и е потребна вајлд-карта и за УС опен.

Најново во Други спортови