РУСИНКАТА НЕМА ДОВОЛНО ТУРНИРИ ДА БИДЕ РАНКИРАНА

Шарапова „остранета“ од ВТА-рејтинг листата

Суспендираната руска тениска ѕвезда Марија Шарапова е „остранета" од рејтинг-листата на Женската тениска асоцијација (ВТА), откако минатата недела беше на 93. место на листата

објавено: 24 октомври 2016 - 15:15

Бидејќи ја отслужува суспензијата од 15 месеци по позитивниот тест на мелдониум и официјално ќе може да се врати на тенисот на 26 април 2017.

Во декември, таа ќе учествува на егзибициски меч во Мадрид против шампионката од Ролан Гарос, Гарбиње Мугуруза. Таа нема да има доволно поени за да се квалификува на Францускиот опен од 28 мај до 11 јуни и единствен начин на кој може да настапи е со вајлд-карта.

Според Алексеј Селиваненко, потпретседателот на Руската тениска федерација, вели дека се работи за формалност и дека Шарапова треба да има три настапи на ВТА турнири за да го врати рејтингот.

„Отстранувањето од ВТА-листата е техничка работа. Таа мора да учествува на барем три турнири за да го врати местото на рејтинг-листата. Бидејќи нема играно од почетокот на годината, го нема потребниот минимум од три турнири“, вели Селивавенко.

Најново во Други спортови