РУСИНКАТА ЈА ВРАЌА РЕПУТАЦИЈАТА

Шарапова повторно е амбасадор на ОН

Развојната програма на Обединетите нации (УНДП) ја крена суспензијата на Марија Шарапова и таа повторно ќе стана амбасадор на добра волја на ОН кога ќе и заврши суспензиајта во април, објавува Гардијан

објавено: 10 ноември 2016 - 16:40

УНДП, организација која работи за борба против сиромаштијата и нееднаквоста, ја прекина деветгодишната соработка со Русинката во март откако таа откри дека имала позитивен тест на мелдониум на Австралискиот опен. Шарапова прво доби двегодишна суспензија, која беше намалена на 15 месеци од Судот за арбитража во спортот (ЦАС), и таа ќе се врати на терените пред Ролан Гарос во мај.

Петкратната гренд слем шампионка по намалувањето на казната се врати на добротворните случувања со посета на група за СИДА во Лас Вегас. Неколку нејзини спонзори ја продолжија соработката со неа како Најк и Евиан.

Најново во Други спортови