РУСИНКАТА ГО ОДРЕДИ ТУРНИРОТ ЗА КАМ-БЕК

Шарапова се враќа во Штутгарт во април

Марија Шарапова ќе го направи кам-бекот на ВТА-турнејата на Порше ГП во Штутгарт во април

објавено: 10 јануари 2017 - 16:30

Поранешната светска тенисерка број 1 отслужува 15-месечна суспензија по позитивниот тест на мелдониум на Австралискиот опен минатиот јануари која официјално завршува на 26 април. Турнирот во Штутгарт е очекуван избор на Шарапова, бидејќи Порше е еден од личните спонзори на Шарапова, иако се мислеше дека нема да може да игра бидејќи турнирот стартува два дена пред крајот на суспензијата.

Шарапова нема да може да присуствува на турнирот до средата, кога ќе го игра нејзиниот прв меч.

„Не можам да бидам посреќна што првиот меч на турнејата ќе го имам на еден од моите омилени турнири. Едвај чекам да ги видам моите фанови“, вели Шарапова.

Русинката ќе се врати без рејтинг и ќе и биде потребна вајлд-карта за да влезе на турнирот. На двократната шампионка од Ролан Гарос ќе и биде потребна вајлд-карта да игра и на гренд слемот во Париз, а истото ќе биде потребно и за на Вимблдон. Штутгарт е еден од најуспешните турнири на Шарапова со три титули во низа од 2012 до 2014.

Најново во Други спортови